Известување за пренесување на балансна одговорност

   Согласно член  53 и член 54 од Правилата за пазар на електрична енергија, Ве известуваме дека се  пренесува балансната одговорност на ОКТА АД Скопје од ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје на Енерџи Деливери Солушн ДООЕЛ поради доставено барање за пренесување на балансната одговорност со арх. бр. 11-7859 од 19.12.2016 година.

Балансната одговорност на ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје за ОКТА АД Скопје престанува да важи на 31.12.2016 година до 24:00 часот.

Балансната одговорност на Енерџи Деливери Солушн ДООЕЛ за ОКТА АД Скопје започнува да важи од 01.01.2017 од 00:00 часот.