Известување за пренесување на балансна одговорност на Енергетска Финансиска Група АД Софија,подружница Скопје

Согласно член  53 и член 54 од Правилата за пазар на електрична енергија, Ве известуваме дека се  пренесува балансната одговорност на Енергетска Финансиска Група АД Софија,подружница Скопје од ЕНГ Сервице Траде ДОО на Мист Енерџи ДООЕЛ поради доставено барање за пренесување на балансната одговорност со арх. бр. 11-3863 од 21.07.2017 година.

Балансната одговорност на ЕНГ Сервице Траде ДОО за Енергетска Финансиска Група АД Софија,подружница Скопје престанува да важи на 31.07.2017 година до 24:00 часот.

Балансната одговорност на Мист Енерџи ДООЕЛ ДООЕЛ за Енергетска Финансиска Група АД Софија,подружница Скопје започнува да важи од 01.08.2017 од 00:00 часот.