Согласно член 20 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, Ве известуваме дека од страна на Пан Интертрејд доо е поднесено барање со арх.бр. 11-217 од 16.01.2017 год. за раскинување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија со арх.бр. 11-4246 од 20.07.2016 во својство на трговец со електрична енергија. Воедно, учесникот поднесе барање за регистрирање на учесник на пазарот на електрична енергија со лиценца Снабдување со електрична енергија.