Известување за раскинување на Договорот за балансна одговорност со Енергетска Финансиска Група АД Софија, Подружница Скопје

  Ве известуваме дека Согласно доставено Барање за укинување на статус на Балансно одговорна страна со арх. бр. 11-3420 од 23.06.2017 година од страна на Енергетска Финансиска Група АД Софија Подружница Скопје,  АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 23.06.2017 година  донесе одлука со која се  раскинува Договор за балансна одговорност со арх. бр. 11-4211 од 20.07.2016 година склучен со Енергетска Финансиска Група АД Софија Подружница Скопје, истиот престанува да важи на 30.06.2017 година во 24:00 часот.