Известување за истапување од балансна група на ЕНГ СЕРВИЦЕ ТРАДЕ и регистрирање на Балансна Група од страна на МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје

Ве известуваме дека Согласно доставено барање со  арх. бр 11-3792 од 18.07.2017 година за регистрирање на Балансно одговорна страна и Балансна група од страна на Мист Енерџи Дооел Скопје и прилог изјава со арх.бр 11-3863/1 за регулирани обврски и истапување од Балансна група на ЕНГ Сервице Траде ДОО Скопје, АД МЕПСО – Подружница  ОПЕЕ на ден 21.07.2017 година донесе одлука со која му се одобрува истапување од Балансна група на ЕНГ Сервице Траде ДОО Скопје со важност до 31.07.2017г и регистрирање и статус на Балансна одговорна страна и балансна група од 01.08.2017 година.