Известување за раскинување на договор за учество на пазар на ДАНСКЕ КОМОДИТИС ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје

 АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ донесе одлука за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 11-4285 од 20.07.2016 година и Договорот за балансно одговорна страна со арх. бр. 11-4178 од 20.07.2016 година склучен со Друштво за производство, трговија и услуги ДАНСКЕ КОМОДИТИС ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став 2 од Правилата за Пазар на Електрична Енергија.

Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 11-4285 од 20.07.2016 година склучен со Друштво за производство, трговија и услуги ДАНСКЕ КОМОДИТИС ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4057013522355 и Договорот за балансно одговорна страна со арх. бр. 11-4178 од 20.07.2016 година, престануваат да важат на 30.11.2016 година во 24:00 часот.