Известување за пренесување на балансна одговорност

  Согласно член  53 и член 54 од Правилата за пазар на електрична енергија, Ве известуваме дека се пренесува балансната одговорност на Цементарница УСЈЕ АД-Скопје од ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје на Енерџи Деливери Солушн ДООЕЛ поради доставено барање за пренесување на балансната одговорност со арх. бр. 11-7845 од 19.12.2016 година.

 Балансната одговорност на ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје за Цементарница УСЈЕ АД-Скопје престанува да важи на 31.12.2016 година до 24:00 часот.

 Балансната одговорност на Енерџи Деливери Солушн ДООЕЛ за Цементарница УСЈЕ АД-Скопје започнува да важи од 01.01.2017 од 00:00 часот.