Раскинат Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје, за МХЕЦ “Врановска” со реф.бр.312

    Согласно Решение бр.08-13/18 од 10.04.2018г за стекнување на статус на повластен производител и Одлука бр.08-14/18 од 10.04.2018г за користење на повластена тарифа на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за Друштвото за производство, трговија и услуги МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје, мала хидроелектрана МХЕЦ “Врановска” со реф.бр.312, АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 16.04.2018 година ја донесе следната ОДЛУКА:

Се раскинува Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 11-4624 од 04.09.2017 година склучен со МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје, Друштво за производство, трговија и услуги ДОО Скопје со ЕДБ: 4080014546101, за мала хидроелектрана МХЕЦ “Врановска” со реф.бр.312.

Истиот престанува да важи на 16.04.2018 година  во 24:00 часот.

Согласно одлуката на ОПЕЕ со арх.бр.11-2652 од 16.04.2018г, балансната одговорност на ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ДОО Скопје за Друштвото за производство, трговија и услуги МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје, мала хидроелектрана МХЕЦ “Врановска” со реф.бр.312 прекинува да важи на 16.04.2018 година во 24:00 часот.