Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
Потпишан меморандум за спојување на пазарите ,,ден-однапред”
Операторот на електро-преносниот систем на Република Бугарија EAD (ESO), Операторот на електро-преносниот систем на Република Северна Македонија А.Д. МЕПСО, Независната бугарска енергетска берза EAD (IBEX) и Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ – Скопје, потпишаа Меморандум за разбирање со кое страните официјално ја објавија својата намера да ги направат потребните напори со цел успешно спојување на пазарите на електрична енергија ,,ден-однапред” помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Проектот ќе се имплементира во согласност со Европскиот таргет модел, во соработка со органите на SDAC (Single day-ahead coupling) и во согласно со одобрениот заеднички план за имплементација на проектот.
Проектот за спојување на ,,ден-однапред” пазарите на електрична енергија помеѓу двете земји беше повторно актуелизиран во септември оваа година, откако МЕМО беше назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија за територијата на Северна Македонија.
Интеграцијата на краткорочните пазарни сегменти е клучна за развојот на пазарот на електрична енергија во рамките на секоја зона на наддавање. Имплементацијата на единствен европски пазар на електрична енергија е водечки чекор кон ефикасно користење на ресурсите. Тоа пак, е предуслов за успешна транзиција кон производство на електрична енергија со ниски емисии што се наметнува од новата европска политика во борбата против климатските промени.
Регионот на Југоисточна Европа се карактеризира со голем број земји кои не се членки на ЕУ што претставува предизвик во однос на интеграцијата на овие пазари во регионот.
Страните во овој проект силно веруваат дека успешното спојување на пазарите на електрична енергија ,,ден-однапред” помеѓу Бугарија и Северна Македонија е од огромно значење за успешна интеграција на пазарите на електрична енергија на целиот регион.
Позадина на проектот
Почетокот на иницијативата датира од март 2018 година, кога во Софија, под покровителство на Проектот Западен Балкан 6, беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МЕПСО, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, IBEX и ESO, со што започна пилот-проектот чија цел беше спојување на ,,ден-однапред” пазарите меѓу двете земји. Првата средба со претставниците на проектот се одржа во април 2018 година во Софија. На средбата присуствуваа претставници од Министерството за енергетика на Република Бугарија, Министерството за Економија на Република Северна Македонија, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, како и претставници на Секретаријатот на Енергетската заедница и надворешни консултанти.
По повод 18 години ОПЕЕ и 5 години МЕМО – Доделени плакети за придонес во развојот на македонскиот пазар на електрична енергија
Во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО, во кругот на...
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за...
Гаранциите на потекло во фокус на работна средба со Електромрежа Србија
Работна средба меѓу стручните тимови на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, СЕПТЕМВРИ 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ...