+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПАЗАР НА ЕЕ

ПАЗАР НА ЕЕ

Национален оператор на пазар на електрична енергија

ИНФОРМАЦИИ

ПАЗАР НА ЕЕ

Главна цел на пазарот на електрична енергија е да овозможи еднаков пристап на сите чинители во енергетскиот сектор, а притоа на недискриминаторен начин да ја промовира конкуренцијата со цел да се постигне реалната слика за цената на енергетските продукти. Пазарот на електрична енергија може да се подели на два сегменти и тоа:

ПАЗАР НА ГОЛЕМО

( WHOLESALE MARKET )

КАДЕ ШТО УЧЕСНИЦИТЕ АКТИВНО УЧЕСТВУВААТ СО СКЛУЧУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИИ НА ПАЗАРОТ НА EE.

ПАЗАР НА МАЛО

( RETAIL MARKET )

КАДЕ ШТО УЧЕСНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ОДБЕРАТ СНАБДУВАЧ КОЈ ЌЕ ГИ СНАБДУВА СО EE.

Пазар на EE на големо

Пазарот на електрична енергија на големо ги вклучува пазарот со билатерални договори, организираниот пазар и тоа пазар ден-однапред и пазар во тековниот ден, како и пазарот на балансна енергија.

Почнувајќи од 1 јули 2019 година, пазарот на електрична енергија на големо е целосно либерализиран што значи дека сите учесници на пазарот можат да склучат меѓусебни договори за купопродажба на електрична енергија без претходно одобрување. Од 1 јануари 2020 година почна да функционира пазарот на балансна енергија согласно со Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем. Останува да се воспостави организираниот пазар на електрична енергија. МЕМО е одговорен за управување со пазарот на билатерални договори и организираниот пазар на електрична енергија, додека пазарот на балансна енергија е во надлежност на МЕПСО.

Пазар на EE на мало

Пазарот на електрична енергија на мало ја опфаќа купопродажбата на електрична енергија помеѓу снабдувачите со електрична енергија и нивните потрошувачи кои не се учесници на пазарот на електрична енергија на големо (домаќинствата и малите потрошувачи). Овие потрошувачи, по целосната либерализација на пазарот на електрична енергија во 2019 година, имаат можност да излезат на слободниот пазар и имаат право на слободен избор на снабдувач со електрична енергија.

Со цел да им се помогне на малите потрошувачи при изборот на снабдувач и да се овозможи нивна поголема информираност и јасна споредливост на цените, на следниот линк е платформа за споредба на цени на македонскиот пазар на мало со електрична енергија switch.mk.

ИНФОРМАЦИИ

Структура на Пазар на EE

Учесници на пазар на ее

ПРОИЗВОДИТЕЛИ

ТРГОВЦИ

КВАЛИФИКУВАНИ ПОТРОШУВАЧИ

СНАБДУВАЧИ

ИНФОРМАЦИИ

OПЕРАТИВНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

За овозможување на оперативна функционалност на пазарот на електрична енергија се задолжени:

1

MEMO ДООЕЛ СКОПЈЕ

Операторот на пазарот на електрична енергија

Задолжен да го организира и да управува со пазарот на електрична енергија, да овозможи негов развој и ефикасно функционирање.

АД МЕПСО

Операторот на електропреносниот систем

МЕПСО како оператор на електро преносниот систем е одговорен за управување, одржување и развој на електро преносниот систем.

2
2

АД МЕПСО

Операторот на електропреносниот систем

МЕПСО како оператор на електро преносниот систем е одговорен за управување, одржување и развој на електро преносниот систем.

3

ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ

Операторот на електродистрибутивен систем

Друштво коешто врши дејност дистрибуција на електрична енергија и управува со електродистрибутивниот систем во Република Северна Македонија и е одговорно за работењето на системот, неговото одржување, развојот и поврзувањето со електропреносниот систем, како и за обезбедување долгорочна способност на системот за задоволување на разумните потреби за дистрибуција на електрична енергија;;

АД Електрани (ОДС) на Северна Македонија

Операторот на затворениот електродистрибутивен систем

Сопственик на електродистрибутивна мрежа и задолжен за дистрибуција на електрична енергија во рамките на географски ограничено подрачје во кое се врши индустриско производство и се вршат трговски дејности, но и не се врши снабдување на домаќинства со електрична енергија.

4
4

АД Електрани (ОДС) на Северна Македонија

Операторот на затворениот електродистрибутивен систем

Сопственик на електродистрибутивна мрежа и задолжен за дистрибуција на електрична енергија во рамките на географски ограничено подрачје во кое се врши индустриско производство и се вршат трговски дејности, но и не се врши снабдување на домаќинства со електрична енергија.

Pin It on Pinterest

Share This