Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been approved by the...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на електрична енергија се обврзува на МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ да му обезбеди финансиска гаранција со која ќе се гарантира навремено и редовно плаќање на обврските произлезени од Договорот.
Висината на гаранцијата ја пресметува МЕМО ДООЕЛ Скопје земајќи го највисокиот процент на учество на енергијата од повластените производители во 2021 година кој во мај 2021г. изнесуваше 10% од конзумот и цената на продажба на енергијата од повластените прозводители во висина од 6.018,00ден.
Со Уредбата за изменување и дополнување на уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, Сл. Весник на РСМ бр.300 од 29.12.2021год., се додава нов став кој гласи „(6) При спроведување на мерките од став (4) на овој член ОПЕЕ го ослободува универзалниот снабдувач од обврската за купување на електрична енергија произведена од повластените производители кои што користат повластена тарифа.“
Согласно горе наведеното енергијата произведена од повластените производители кои што користат повластена тарифа која до 31.12.2021 ја откупуваше универзалниот снабдувач, од 01.01.2022год. ќе биде распределена на останатите учесници на пазарот на електрична енергија кои испорачуваат енергија до крајни потрошувачи.
Од горенаведената Уредба висината на гаранцијата која ја пресметува МЕМО ДООЕЛ Скопје земајќи го највисокиот процент на учество на енергијата од повластените производители во 2021 година кој е во мај 2021г., како и распределбата на енергијата произведена од повластените производители која ја откупуваше универзалниот снабдувач, истиот изнесува 20% од конзумот и цената на продажба на енергијата од повластените прозводители е во висина од 6.018,00ден.
Финансиската гаранција се пресметува да обезбеди 2 фактури.
Membership on the organized electricity market – day ahead market
Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been...
Учество на организираниот пазар на електрична енергија – пазар ден однапред
Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична...
Клиент и упатства за ПДО за симулациска околина
ETS Client for MEMO (3.6.8)Download MEMO Client Installation (3.6.8)Download ETS Trader Client...
Решение за упис на Виртуелен производител – ОКТА АД -Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ТРЕЛИНГ ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...