Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19), Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013), член 12 од Изјавата за основање на Операторот на пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје ( Пречистен текст – арх.на АД МЕПСО бр.02-353/7 од 05.04.2021 година), Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 21.09.2021 година донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх.бр.09-3910/3 од 29.12.2020 година склучен помеѓу САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово – МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253 со ЕДБ:4017016531760 иEIC: 33XSATELITENERG3 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх.бр.09-3910/4 од 29.12.2020 година.Договорот престанува да важи на ден 20.09.2021 година во 24:00 часот, согласно член 12 став 1 од истиот и согласно член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Се брише учесникот на пазарот – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово – МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253 со ЕДБ:4017016531760 и EIC: 33XSATELITENERG3 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 24 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија на ден 29.12.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх.бр.09-3910/3 со САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово – МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр.253 со ЕДБ:4017016531760 и EIC: 33XSATELITENERG3.
Друштвото поседува Лиценца за ПРОБНА РАБОТА за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија со евидентен бр.ЕЕ-ПРОИЗ-410-2020 со важност од 17.12.2020 година до 17.09.2021 година.
На ден 17.09.2021 година, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ Скопје донесе ОПОМЕНА пред раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија заведена со арх. бр.09-3003/1 заради истек на важноста на лиценцата. Во ОПОМЕНАТА, ОПЕЕ- МЕМО ДООЕЛ бара да се достави нова обновена – важечка лиценца со цел продолжување на учеството на пазарот на електрична енергија на МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр.253 согласно Правилата на пазар на електрична енергија.
САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово – МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр.253 до 20.09.2021 година, до крајот на работното време, не достави нова обновена лиценца за производство на електрична енергија со што ОПЕЕ согласно член 23 став 1 од Правилата на пазар на електрична енергија, на ден 21.09.2021 година одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот...
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...