Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО ДООЕЛ Скопје, Операторот на пазар на електрична енергија на ден 06.08.2021 година ја донесе следната
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица, со ЕДБ: 4027010511550 од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија и Договорот потпишан со МЕМО ДООЕЛ Скопје односно неизвршување на обврските од билатералниот договор за испорака на електрична енергија склучен со АД МЕПСО заведен под архивски број 09-7806 од 15.12.2020 година.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 06.08.2021 година и трае заклучно со 31.10.2021 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршуавње.
Образложение:
На 01.08.2021 година до ОПЕЕ, од страна на учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, по електронска пошта, пристигна Известување во кое го информираат деловниот партнер АД МЕПСО дека не е во можност да го испочитува билатералниот Договор за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа, уредно заведен во архивите на двете компании.
Врз основа на ова известување, а согласно Законот за енергетика, член 68, став 3 и 4 и член 88 став 1, како и согласно член 27 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 96 став 5 од Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ кој според горенаведениот Закон и подзаконските акти е одговорен за ефикасно и правилно функционирање на пазарот на билатерални договори, воедно е и должен да реагира за сите неправилности кои ќе ги забележи на пазарот со билатерални договори, на ден 03.08.2021 година, по електронска пошта, до учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, испрати Предупредување за непочитување на билатерален договор, во кое му укажа на учесникот на пазар дека со неговото непочитување на билатералниот договор и неисполнување на обврските за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа на преносниот оператор АД МЕПСО, го нарушува фунционирањето на пазарот на електрична енергија.
Истиот ден, после затворање на времето дозволено за трансакции, ОПЕЕ увиде дека учесникот на пазар на електрична енергија не се придржува кон укажувањата од Предупредувањето за непочитување на билатералниот договор и на истиот, врз основа на член 22 од Правилата за пазар на електрична енергија, му изрече Опомена пред суспензија во која, до зададениот рок, 06.08.2021 година, децидно побара од учесникот на пазарот да ги отстрани причините за опомената, односно да го почитува билатералниот договор со АД МЕПСО.
Учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, не постапи по барањата на ОПЕЕ, нотирани во Опомената за суспензија, до рокот кој е наведен во истата, со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 06.08.2021 година, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот...
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...