+389 2 3281 020 info@memo.mk

Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“

04.04.2022 | Известувања

Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19), Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013), член 12 од Изјавата за основање на Операторот на пазар на електрична енергија  на Република Северна Македонија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје ( Пречистен текст – арх.на АД МЕПСО бр.02-353/7 од 05.04.2021 година), Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 29.07.2021 година донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-702/1 од 14.02.2020 година склучен помеѓу ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт – импорт Скопје – МХЕЦ „ПЕНА со реф. бр. 407“ со ЕДБ: 4007012512197 иEIC: 33XCMMENERGYMK-H и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-702/2 од 20.02.2020 година.

Договорот престанува да важи на ден 28.07.2021 година во 24:00 часот, согласно член 12 став 1 од истиот и согласно член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија.

2. Се брише учесникот на пазарот – помеѓу ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт – импорт Скопје – МХЕЦ „ПЕНА со реф. бр. 407“ со ЕДБ: 4007012512197 и EIC: 33XCMMENERGYMK-H од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 24 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија. 

3. Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.

4. Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.

5. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија на ден 14.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр.10-702/1 со ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт – импорт Скопје – МХЕЦ „ПЕНА со реф. бр. 407“ со ЕДБ: 4007012512197 и EIC: 33XCMMENERGYMK-H.

Друштвото поседува Лиценца за ПРОБНА РАБОТА за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија со евидентен бр.ЕЕ-ПРОИЗ-388-2019 со важност од 09.10.2019 година и со последно издадена на ден 29.04.2021 година, Одлука УП1 бр.12-23/21 за продолжување на лиценца со важност до 27.07.2021 година.

На ден 28.07.2021 година, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ Скопје донесе ОПОМЕНА пред раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија заведена со арх. бр.09-2401/1 заради истек на важноста на лиценцата, односно на Одлуката УП1 бр.12-23/21 за продолжување на лиценца со важност до 27.07.2021 година . Во ОПОМЕНАТА, ОПЕЕ- МЕМО ДООЕЛ  бара да се достави нова обновена – важечка лиценца со цел продолжување на учеството на пазарот на електрична енергија на МХЕЦ „ПЕНА со реф. бр. 407“ согласно Правилата на пазар на електрична енергија.

ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт – импорт Скопје за МХЕЦ „ПЕНА со реф. бр. 407“ до 28.07.2021год, до крајот на работното време, не достави нова обновена лиценца за производство на електрична енергија со што ОПЕЕ согласно член 23 став 1 од Правилата на пазар на електрична енергија, на ден 29.07.2021 година одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Правна поука: Против оваа одлука учесникот на пазар на електрична енергија може да достави барање за разрешување на спор/приговор до РКЕ во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија

ИЗВЕСТУВАЊА

Pin It on Pinterest

Share This