Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19), Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013), член 12 од Изјавата за основање на Операторот на пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје ( Пречистен текст – арх.на АД МЕПСО бр.02-942/2 од 15.03.2019 година), Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 26.05.2021 година донесе:
О Д Л У К А
за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр.10-628/1 од 10.02.2020 година и Aнекс 1 со арх.бр.09-648/1 од 10.02.2021 година и Договор за формирање на балансна група со арх.бр 09-1199/1 од 01.04.2020 година склучен помеѓу ЕНЕКОД ДОО експорт-импорт Скопје со ЕДБ:4043016520956 иEIC: 33XENEKOD-OOOMK0 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх.бр. 10-628/2 од 20.02.2020 година. Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 31.05.2021 година во 24:00 часот, согласно член 12 став 3 од истиот и согласно член 23 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Се брише учесникот на пазарот – ЕНЕКОД ДОО експорт-импорт Скопје со ЕДБ: 4043016520956 и EIC: 33XENEKOD-OOOMK0 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 24 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Приговор против оваа Одлука согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија не го одлага нејзиното извршување согласно член 24 став 5 од Правилата за пазар на електрична.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО СКОПЈЕ – снабдувач со електрична енергија (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за времена суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач – учесник на пазарот на електрична енергија
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПОМЕНА ПРЕД СУСПЕНЗИЈА ЗА НЕСКЛУЧЕН БИЛАТЕРАЛЕН КУПОПРОДАЖАН ДОГОВОР ( 17.11.2023 ГОДИНА) – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје ( 29.09.2023 )
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...