+389 2 3281 020 info@memo.mk

Решение за упис на Виртуелен производител – ЕДС АД Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија

18.11.2022 | Известувања

Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 234/22) и член 12 став 1 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-942/2 од 15.03.2019 година, Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 17.11.2022 година го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

за упис на Виртуелен производител во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија

  1. Се запишува Друштвото за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС АД Скопје (лиценца за снабдување со електрична енергија) со ЕДБ: 4080012531832 и EIC: 33XVIRT–EDS—L, Виртуелен производител во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со датум на почеток од 18.11.2022 година, согласно член 6 став 7 и член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  2. Со денот на уписот во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија, Барателот се стекнува со својство на регистриран учесник на пазарот на електрична енергија како виртуелен производител, согласно член 6 став 7 и член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  3. Ова решение стапува во сила на денот на донесувањето.
ИЗВЕСТУВАЊА

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

Pin It on Pinterest

Share This