+389 2 3281 020 info@memo.mk

Јавна расправа за предлог текстот на “Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија”

13.02.2023 | Новости

МЕМО ДООЕЛ Скопје, во својство на Оператор на организираниот пазар на електрична енергија организира јавна расправа за предлог текстот на “Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија”, на 21ви Февруари во 10.00 часот, во просториите на Стопанска комора.
Целта на јавната расправа е јавна презентација на концептот на организираниот пазар, односно пазарот ден-однапред, како и можност сите засегнати страни со забелешки, препораки, коментари да придонесат кон подобрување на текстот на Правилата.

Ве покануваме, Вас и претставници од Вашата организација да учествувате на јавната расправа.

Ве замолуваме Вашето присуство да го пријавите најдоцна до 17ти февруари, 16.00 часот на емаил: dam@memo.mk

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This