+389 2 3281 020 info@memo.mk

МЕМО изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија ден-однапред

17.03.2023 | Новости

MEMO ДООЕЛ во изминатите четири денови изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија ден-однапред кој е предвидено официјално да почне со работа на 10 мај 2023 година

За време на тестирањето извршивме симулација на четири различни сценарија:

  • Нормален ден
  • Технички проблем ПРЕД затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
  • Технички проблем ПО затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
  • Технички проблем + Процедура на неодржување на аукција

Резултатите од симулацијата се одлични, со повеќе од 24 потенцијални учесници активно вклучени во тестирањето.

Со оглед на постигнатите резултати при тестирањето, уверени сме дека пазарот ќе биде целосно оперативен до датумот на започнување со работа на 10 мај 2023 година.

Веднаш по официјалното одобрување на Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија (берзата на електрична енергија) од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги,

ќе го отвориме процесот на регистрација на учесниците на пазарот ден-однапред.

Почетокот на регистрацијата ќе биде официјално објавен.

Со воспоставување на пазарот ден-однапред ќе се овозможи формирање на релевантна референтна цена  во нашата држава, ќе се овозможи пазарно поврзување со соседните пазари,

а со тоа и ќе се олесни достапноста на електричната енергија на учесниците на пазарот на големо.

Сето тоа претставува еден од основните предуслови за приватни инвестиции во енергетиката и во енергетско интензивните стопански дејности.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This