Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија кои се одобрени...
МЕМО изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија ден-однапред
MEMO ДООЕЛ во изминатите четири денови изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија ден-однапред кој е предвидено официјално да почне со работа на 10 мај 2023 година
За време на тестирањето извршивме симулација на четири различни сценарија:
- Нормален ден
- Технички проблем ПРЕД затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
- Технички проблем ПО затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
- Технички проблем + Процедура на неодржување на аукција
Резултатите од симулацијата се одлични, со повеќе од 24 потенцијални учесници активно вклучени во тестирањето.
Со оглед на постигнатите резултати при тестирањето, уверени сме дека пазарот ќе биде целосно оперативен до датумот на започнување со работа на 10 мај 2023 година.
Веднаш по официјалното одобрување на Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија (берзата на електрична енергија) од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги,
ќе го отвориме процесот на регистрација на учесниците на пазарот ден-однапред.
Почетокот на регистрацијата ќе биде официјално објавен.
Со воспоставување на пазарот ден-однапред ќе се овозможи формирање на релевантна референтна цена во нашата држава, ќе се овозможи пазарно поврзување со соседните пазари,
а со тоа и ќе се олесни достапноста на електричната енергија на учесниците на пазарот на големо.
Сето тоа претставува еден од основните предуслови за приватни инвестиции во енергетиката и во енергетско интензивните стопански дејности.
Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – септември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, септември 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба на раководствата на МЕМО и ЕВН
Работна средба на раководствата на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО и...