Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 1 точка 3) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 22.09.2023 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-3355/3 од 04.11.2021 година.
- Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините на Опомената, е заклучно со 28.09.2023 година.
- Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 29.09.2023 ќе донесе Одлука за суспензија.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Компанијата БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје (претходен назив Мист Енерџи Еко ДООЕЛ Скопје) со лиценца снабдувач со електрична енергија склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-3355/3 од 04.11.2021 година, Анекс 1 кон Договорот со арх.бр. 09-4438/1 од 23.11.2022 година и Анекс 2 со арх.бр. 09-1016/1 од 16.03.2023 година, и EIC: 33XMISTENERGYEC9.
На ден 22.09.2023 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 05-5279/2 од 21.09.2023 година, и во МЕМО со арх бр. 09-5230/1 од 22.09.2023 година, според кое Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со архивски број 09-5916/2 од 22.10.2021 година и Анекс 1 со арх.бр 09-1165 од 24.02.2022 година се смета за раскинат на 30.09.2023 година во 24:00 часот.
БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје без регулирана балансна одговорност го губи правото за учество на Пазарот на електрична енергија согласно член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија. Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.09.2023 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје да ја регулира балансна одговорност во спротивно на ден 29.09.2023 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје.
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...