Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПОМЕНА ПРЕД СУСПЕНЗИЈА ЗА НЕСКЛУЧЕН БИЛАТЕРАЛЕН КУПОПРОДАЖАН ДОГОВОР ( 17.11.2023 ГОДИНА) – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 1 точка 4) и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-5194/7 од 18.10.2023 година, на ден 17.11.2023 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за опомена пред суспензија за несклучен билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија
- Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став (1) точка 4) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – директен потрошувач со склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр.10-699/1 од 14.02.2020 година.
- Согласно член 28 став (4) од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините на Опомената, е заклучно со 28.11.2023 година.
- Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 29.11.2023 година ќе донесе Одлука за суспензија, со почеток од 01.12.2023 година.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Компанијата ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – директен потрошувач склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр.10-699/1 од 14.02.2020 година, со издаден EIC: 33XEURONIKELINDZ.
На ден 14.11.2023 година по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување од ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС АД Скопје дека прекинува со испораки на електрична енергија кон ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци почнувајки од 16.11.2023 година поради раскин на билатералниот купопродажен договор.
На ден 15.11.2023 година МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ испрати до ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци по електронска пошта Предупредување пред ОПОМЕНА пред СУСПЕНЗИЈА и укажа дека ке отпочне постапка за СУСПЕНЗИЈА доколку не обезбеди електрична енергија со почеток од 17.11.2023 година.
На ден 16.11.2023 година ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не испрати трансакција за набавена електрична енергија за 17.11.2023 година односно не обезбеди електрична енергија
Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.11.2023 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци да склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија во спротивно на ден 29.11.2023 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци која ке важи од 01.12.2023 година.
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...