Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
ОДЛУКА за времена суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач – учесник на пазарот на електрична енергија
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-5194/7 од 18.10.2023 година, на ден 30.11.2023 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач со ЕДБ: 4011019516489 и EIC: 33XEURONIKELINDZ , од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нема склучено билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.12.2023 година и трае заклучно со 31.12.2023 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
На ден 14.11.2023 година по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување од ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС АД Скопје дека прекинува со испораки на електрична енергија до ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци, почнувајки од 16.11.2023 година, поради раскин на билатералниот купопродажен договор.
На ден 15.11.2023 година, МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ испрати до ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци по електронска пошта Предупредување пред ОПОМЕНА пред СУСПЕНЗИЈА и укажа дека ке отпочне постапка за СУСПЕНЗИЈА доколку не обезбеди електрична енергија со почеток од 17.11.2023 година.
На ден 16.11.2023 година ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не испрати трансакција за набавена електрична енергија за 17.11.2023 година односно не обезбеди електрична енергија
На ден 17.11.2023 година МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ донесе РЕШЕНИЕ за ОПОМЕНА пред суспензија согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија каде во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената, се укажа учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци да склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија во спротивно, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци која ке важи од 01.12.2023 година.
Учесникот на пазар на електрична енергија, ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не постапи по барањата на ОПЕЕ нотирани во Опомената за суспензија, до рокот кој е наведен да обезбеди електрична енергија односно да склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија, со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 30.11.2023 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – УНИВЕРЗАЛ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕНЕРЏИ АКТИВЕ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – МИСТ ЕНЕРЏИ ЕКО ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕДС АД Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...