Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ОДЛУКА ЗА ВРЕМЕНА СУСПЕНЗИЈА НА ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО КАВАДАРЦИ – ПОТРОШУВАЧ на електрична енергија – (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-5194/7 од 18.10.2023 година, на ден 29.12.2023 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач со ЕДБ: 4011019516489 и EIC: 33XEURONIKELINDZ , од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нема склучено билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.01.2024 година и важи до отстранување на причините за истата но не подоцна од 30.06.2024 година.
- Доколку во периодот наведен во точка 2 од Одлуката учесникот не ги отстрани причините за изречената втора суспензија, согласно член 29 точка (1) став 3) од Правилата за пазар на електрична енергија, Договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 30.06.2024 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
На ден 14.11.2023 година по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување од ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС АД Скопје дека прекинува со испораки на електрична енергија до ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци, почнувајки од 16.11.2023 година, поради раскин на билатералниот купопродажен договор.
На ден 15.11.2023 година, МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ испрати до ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци по електронска пошта Предупредување пред ОПОМЕНА пред СУСПЕНЗИЈА и укажа дека ке отпочне постапка за СУСПЕНЗИЈА доколку не обезбеди електрична енергија со почеток од 17.11.2023 година.
На ден 16.11.2023 година ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не испрати трансакција за набавена електрична енергија за 17.11.2023 година односно не обезбеди електрична енергија
На ден 17.11.2023 година МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ донесе РЕШЕНИЕ за ОПОМЕНА пред суспензија согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија каде во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената, се укажа учесникот на пазар на електрична енергија ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци да склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија во спротивно, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци која ке важи од 01.12.2023 година.
Учесникот на пазар на електрична енергија, ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не постапи по барањата на ОПЕЕ нотирани во Опомената за суспензија, до рокот кој е наведен да обезбеди електрична енергија односно да склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија, со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 30.11.2023 година донесе Одлука за суспензија во времетраење од 01.12.2023 до 31.12.2023 година.
Во зададениот рок во Одлуката за суспензија, Учесникот на пазар на електрична енергија, ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не склучи билатерален Договор за купопродажба на електрична енергија со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 29.12.2023 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за втора суспензија дава можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПОМЕНА ПРЕД СУСПЕНЗИЈА ЗА НЕСКЛУЧЕН БИЛАТЕРАЛЕН КУПОПРОДАЖАН ДОГОВОР ( 17.11.2023 ГОДИНА) – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје ( 29.09.2023 )
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Membership on the organized electricity market – day ahead market
Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been...
Учество на организираниот пазар на електрична енергија – пазар ден однапред
Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична...