+389 2 3281 020 info@memo.mk

МЕМО го поздравува успешниот старт на Пазарот ден однапред во Косово

04.03.2024 | Новости

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, присуствуваше на официјалната церемонија со која беше означен почетокот на  Пазарот ден однапред за организирано тргување со електрична енергија во Косово, како и спојување на берзите на Албанија и Косово.

На официјалното отворање Шутиноски упати честитки на раководството и на директорот на Берзата за електрична енергија на Албанија (ALPEX), Сокол Дишница.

ALPEX e основана во октомври 2020 година, како друштво за заедничко вложување во сопственост на операторите на преносните системи на Албанија (ОST) и Косово (КОSТТ). 

Овие клучни чекори за Косово и Албанија, како и за целиот регион ја нагласуваaт важноста од целосно спроведување на Пакетот за интеграција на електрична енергија усвоен во Енергетската заедница на ЕУ. Северна Македонија со воведување на организираниот пазар на електрична енергија, во мај минатата година, затвори уште едно од европските поглавја.

Иднината на MEMO, како и на операторите на пазарите на електрична енергија на земјите од регионот е спојување со берзите на земји-членки на ЕУ.

 

 

 

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This