No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, присуствуваше на официјалната церемонија со која беше означен почетокот на Пазарот ден однапред за организирано тргување со електрична енергија во Косово, како и спојување на берзите на Албанија и Косово.
На официјалното отворање Шутиноски упати честитки на раководството и на директорот на Берзата за електрична енергија на Албанија (ALPEX), Сокол Дишница.
ALPEX e основана во октомври 2020 година, како друштво за заедничко вложување во сопственост на операторите на преносните системи на Албанија (ОST) и Косово (КОSТТ).
Овие клучни чекори за Косово и Албанија, како и за целиот регион ја нагласуваaт важноста од целосно спроведување на Пакетот за интеграција на електрична енергија усвоен во Енергетската заедница на ЕУ. Северна Македонија со воведување на организираниот пазар на електрична енергија, во мај минатата година, затвори уште едно од европските поглавја.
Иднината на MEMO, како и на операторите на пазарите на електрична енергија на земјите од регионот е спојување со берзите на земји-членки на ЕУ.
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) стана асоцијативен член на европската...