Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на...
МЕМО го поздравува успешниот старт на Пазарот ден однапред во Косово
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, присуствуваше на официјалната церемонија со која беше означен почетокот на Пазарот ден однапред за организирано тргување со електрична енергија во Косово, како и спојување на берзите на Албанија и Косово.
На официјалното отворање Шутиноски упати честитки на раководството и на директорот на Берзата за електрична енергија на Албанија (ALPEX), Сокол Дишница.
ALPEX e основана во октомври 2020 година, како друштво за заедничко вложување во сопственост на операторите на преносните системи на Албанија (ОST) и Косово (КОSТТ).
Овие клучни чекори за Косово и Албанија, како и за целиот регион ја нагласуваaт важноста од целосно спроведување на Пакетот за интеграција на електрична енергија усвоен во Енергетската заедница на ЕУ. Северна Македонија со воведување на организираниот пазар на електрична енергија, во мај минатата година, затвори уште едно од европските поглавја.
Иднината на MEMO, како и на операторите на пазарите на електрична енергија на земјите од регионот е спојување со берзите на земји-членки на ЕУ.
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУНИ 2024
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Работна средба со претставници од УСАИД и проектот Connect for growth-C4G
Работна средба во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО со...
Средба во МЕМО со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во Министерството за енергетика на Унгарија
Продуктивна средба со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во...
Интервју на Шутиноски за CEENERGY NEWS
https://ceenergynews.com/interviews/modernising-north-macedonias-electricity-market-qa-with-simon-sh...
Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...