+389 2 3281 020 info@memo.mk

Податоци за количините на електрична енергија, јануари 2024

06.03.2024 | Новости

Во јануари 2024 година согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 575,443  GWh.  ЕСМ со 330,761 GWh, учествува со најголем процент од 57,5%, потоа следуваат независните производители со 182,014 GWh односно 31,6%, повластените производители на електрична енергија со 33,026 GWh односно 5,7% и виртуелни производители со  28,181 GWh односно 4,9%.

Од сопственото производство 81,8% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 470,550 GWh, а 18,2% односно 104,884 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 759,285 GWh, каде од сопственото производство е продадено 470,559 GWh односно 62,0% а од увоз е 288,725 GWh односно 38,0%.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 622,407 GWh, и тоа 69,8% на тарифни потрошувачи, 25,6% на снабдувани потрошувачи, и 4,7 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се 136,869 GWh односно 18,0% од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 452,717 GWh, каде нето транзитот е 419,413 GWh, а контратрејдингот е 33,304 GWh.

Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This