No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Во јануари 2024 година согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 575,443 GWh. ЕСМ со 330,761 GWh, учествува со најголем процент од 57,5%, потоа следуваат независните производители со 182,014 GWh односно 31,6%, повластените производители на електрична енергија со 33,026 GWh односно 5,7% и виртуелни производители со 28,181 GWh односно 4,9%.
Од сопственото производство 81,8% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 470,550 GWh, а 18,2% односно 104,884 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 759,285 GWh, каде од сопственото производство е продадено 470,559 GWh односно 62,0% а од увоз е 288,725 GWh односно 38,0%.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 622,407 GWh, и тоа 69,8% на тарифни потрошувачи, 25,6% на снабдувани потрошувачи, и 4,7 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 136,869 GWh односно 18,0% од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 452,717 GWh, каде нето транзитот е 419,413 GWh, а контратрејдингот е 33,304 GWh.
Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО,...
Решение за одобрување на Одлука за износот на надоместоците за учество на организираниот пазар на електрична енергија
Одлука за одобрување на Правила за работа на организираниот пазар на електрична енергија
MEMO ДООЕЛ во изминатите четири денови изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија...
Ни претставува особено задоволство што можеме да споделиме вест за нашата неодамнешна работилница...