+389 2 3281 020 info@memo.mk

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

11.03.2024 | Новости

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh

При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени се 8.923.710 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 2.834.823 KWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 4.95 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 175 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This