+389 2 3281 020 info@memo.mk

Енерџи Суплај-М ДООЕЛ нов учесник на македонската берза

19.03.2024 | Новости

МЕМО го поздравува учеството на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот пазар на електрична енергија по принципот ден однапред.

Енерџи Суплај-М Дооел Скопје е лиценциран трговец со енергија и координатор на балансирани групи, составен од крајни корисници и производители. Во моментов компанијата има подружници и лиценци за трговија со електрична енергија во Бугарија, Албанија, Северна Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Литванија, Унгарија и Грција, директно и преку партнери во Турција, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија и Италија

Првиот ден за тргување старува денеска, 19.03.2024 година.

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО  е сигурно место за тргување за сите регистрирани учесници,  меѓу кои покрај домашни компании тргуваат и големи регионални и европски трговски компании кои секојдневно активно учествуваат на организираниот пазар на електрична енергија.

Во моментов на македонската берза тргуваат 29 учесници, што претставува импозантна бројка за мал пазар на електрична енергија каков што е македонскиот.

МЕМО искажува голема благодарност за довербата.

Повеќе информации за организираниот пазар на електрична енергија на следниот линк:

https://dam.memo.mk/

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This