ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ФЕВРУАРИ 2024

22.03.2024 | Новости

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 600,824 GWh.  ЕСМ со 369,368 GWh, учествува со најголем процент од 61,5%, потоа следуваат независните производители со 171,064 GWh односно 28,5%, виртуелни производители со 32,112 GWh односно 5,3%  повластените производители на електрична енергија со 26,483 GWh односно 4,4%.

Од сопственото производство 78,1% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 469,153 GWh, а 21,9% односно 131,680 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 619,488 GWh, каде од сопственото производство е продадено 469,144 GWh односно 75,7% а од увоз е 150,344 GWh односно 24,3%.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 520,476 GWh, и тоа 64,5% на тарифни потрошувачи, 29,3% на снабдувани потрошувачи, и 6,1 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се 99,021 GWh односно 16,0 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 474,199 GWh, каде нето транзитот е 427,051 GWh, а контратрејдингот е 47,148 GWh.

Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This