МЕМО: 30 учесници тргуваат на македонската берза за електрична енергија

26.03.2024 | Новости

МЕМО го поздравува учеството на АЛПИК_Скопје и на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот пазар на електрична енергија по принципот ден однапред.

Со стартот на учество на пазарот ден однапред на овие две компании овој месец, се заокружи бројката од 30 учесници кои секојдневно тргуваат на македонската берза за електрична енергија,  што претставува импозантна бројка за мал пазар на електрична енергија каков што е македонскиот.

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО  е сигурно место за тргување за сите регистрирани учесници,  реномирани регионални и европски трговски компании кои секојдневно активно учествуваат на организираниот пазар на електрична енергија.

МЕМО искажува голема благодарност за довербата на сите компании учесници.

Повеќе информации за организираниот пазар на електрична енергија на следниот линк:

https://dam.memo.mk/

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This