Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been approved by the...
МЕМО: Формиран Oдбор за организираниот пазар на електрична енергија
Во рамки на Националниот оператар на пазарот на електрична енергија – МЕМО, формиран е Одбор за организираниот пазар-берзата за електрична енергија, составен од девет членови, учесници на националната берза.
Конститутивниот состанок го водеше Симон Шутиноски, управител на МЕМО кој ја истакна важноста од формирањето на Одборот, согласно општите правила за работа на организираниот пазар на електрична енергија. Целта е да се добие поголема транспарентност во работењето на берзата за електрична енергија и да им се овозможи на самите учесници да влијаат во подобрување на работењето.
Членовите на Одборот за претседател ja избраа Xристина Давидовска управителка на Енерџи Фајненсинг ТИМ ДООЕЛ Скопје, која на состанокот изрази благодарност за искажаната доверба и подвлече дека Одборот како независно тело ќе даде придонес во работењето на берзата. За заменици претседатели избрани се Антонио Ивановски главен инженер на АД ЕСМ и Драган Наумовски, комерцијален директор на ТЕ-ТО АД Скопје. Членовите и раководството на Одборот за организиран пазар се избираат за период од две години.
Во рамките на своето функционирање Одборот има улога во унапредување на работата на пазарот ден однапред, воведување нови производи на пазарот, модернизирање и следење на светските трендови во овој домен. Поточно, дел од целите на Одборот се предлагање на измени и дополнувања на правилата за организиран пазар на електрична енергија како и давање мислење за предлозите за организираниот пазар на електрична енергија.
Со формирањето на Македонската берза на електрична енергија и функционирањето на пазарот ден однапред во мај минатата година, се направи клучниот исчекор во начинот на работење и разбирање на пазарот на електрична енергија на големо, со што се овозможи сите учесници да можат да тргуваат на транспарентен недискриминаторен начин, што е пракса за големите западноевропски организирани пазари на електрична енергија.
За сите 30 ренеомирани регистрирани учесници, МЕМО-берзата на електрична енергија претставува сигурно место за тргување на електрична енергија ден однапред по релевантни цени за секој час од денот.
Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – септември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, септември 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба на раководствата на МЕМО и ЕВН
Работна средба на раководствата на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО и...