+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, МАРТ 2024

04.04.2024 | Новости

Во март 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 175 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 52.709.894 KWh.

При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 31.454.446,00 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.408.438 KWh, од две ветерни електрани произведени се 16.290.324 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.556.686 KWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 8.99 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.098 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This