Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
Шутиноски за МИА: До крајот на 2026 очекувам поврзување на нашата со берза за електрична енергија на членка на ЕУ
Брисел, 17 април 2024 (МИА) – Повразувањето на организираните пазари на електрична енергија од земјите кандидати за членство во ЕУ со оние на државите од Унијата е многу важно, бидејќи со тоа тие може да добијат пристап до европскиот пазар на електрична енергија, изјави за МИА управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски, кој денеска во Брисел учествува на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија.
– Интеграцијата би донела големи бенефити за домашните пазари. За нас, како земја аспирант за членство во ЕУ е голем бенефит да бидеме поврзани со европското семејство во тој сегмент на организирани пазари, односно берзи на електрична енергија, истакна Шутиноски, изразувајќи надеж дека првото вакво спојување на нашата со некоја од берзите во членките на ЕУ ќе се случи до крајот на 2026 година.
Токму оваа интерграција на организираните пазари, односно берзите на електрична енергија од земјите кои не се членки на ЕУ со оние на државите од Унијата е главна тема на денешниот Енергетски форум во Брисел и во тие рамки ќе стане збор и за Планот за интеграција на берзите од Западниот Балкан, што треба да биде подготвен до јуни 2024 година.
– Планот има за цел интерграција на пазарите на електрична енергија од земјите кои не се членки на ЕУ. Планот е во изработка. Ние веќе ги имаме доставено нашите податоци и планови. Северна Македонија минатата година преку МЕМО ја формира берзата на електрична енергија во сегментот на тргување ден однапред. Сега нашата цел е поврзување на нашиот ден однапред пазар со некој од пазарите на соседите, пред се со оние што се членки на ЕУ, истакна Шутиноски.
Тој потести дека за таа цел со помош на Секретаријатот на Енергетската заедница во 2018 година е потпишан Меморандум за разбирање со Бугарија за поврзување на пазарите за електрична енергија, во чии рамки веќе се спроведуваат активности, а кон крајот на минатата година во Атина е потпишан Меморандум за разбирање со Грција, Албанија и Косово за поврзување на енергетските пазари, како масивен проект воден од УСАИД.
За реализација на овие два проекта веќе се формирани работни групи и активно се работи на техничко усогласување за да може да дојде до самото поврзување на берзите.
– Се надевам дека кон крајот на 2026 година ќе го видиме и првото поврзување на нашата берза на електрична енергија со некоја од берзите на соседните земји членки на Унијата, додаде Шутиноски.
Тој потенцира дека поврзувањето во еден голем европски енергетски пазар ќе носи придобивки и за граѓаните, а посебно за бизнис заедницата и за индустријата, бидејќи се обезбедува полесен пристап до прекуграничните преносни капацитети за електрична енергија и поголема пристапност до траспарентните и реални цени на струјата, а исто така нуди можност да се преземе повеќе енергија во моменти кога таа би била најпотребна за индустријата или граѓаните по пазарни цени.
Според него, токму денешниот собир на кој присуствуваат и претставници на Асоцијацијата на европски енергетски берзи (ЕУРОПЕКС), на Енергетската заедница, Алпско-јадранско дунавската берза за електрична енергија (АДЕКС), како и на Европскиот парламент и на институциите од ЕУ што треба да го одобрат тоа поврзување, ќе биде искористен и за обезбедување на политичка поддршка за таа интеграција, како и за дискусии за степенот на техничка подготвеност на земјите и за идните чекори.
– Тука имаме уште многу што да сториме, но помошта што досега ја добивавме од Владата на Република Северна Македонија, од интитуциите на ЕУ, пред се Енергетската заедница, од Секретаријатот на УСАИД, многу ни значеа и ни претставуваа ветар во грбот. Се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина и ќе дојдеме до реализација на тие проекти, додаде Шутиноски.
Управителот на МЕМО потенцира дека и покрај сите турбуленции во енергетскиот сектор последниве години, земјава, заедно со останатите држави од регионот и членките на ЕУ работат на агендата на намалување на емисиите на штетни гасови при производството на електрична енергија.
– Работиме да се премине на производство на енергија од обновливи извори, да се намалат емисиите на честички на јаглерод диоксид, бидејќи кога ќе дојде денот на поврзување на сите пазари и влезот во Унијата, енергијата што се произведува од јаглен, на пример, ќе биде многу поскапа, поради таксата на емисии на јаглерод диосид, нагласи Шутиноски.
Во рамки на Форумот, Шутиноски се обрати на панелот насловен „Дали интеграцијата на договорните страни на Енергетската заедница ќе обезбеди посилен единствен европски пазар за електрична енергија?“.
Главната цел на форумот е да генерира политичка и регулаторна поддршка за понатамошна интеграција на пазарите ден однапред на договорните страни на Енергетската заедница со пазарите ден однапред од земјите членки на Европската унија, со посебен фокус на имплицитно спојување на пазарот на електрична енергија. Дополнително, овој формат треба да обезбеди солидна предвидливост во однос на предусловите што треба да се исполнат за успешна и навремена интеграција, како и специфичните предизвици што ги чекаат различни засегнати страни.
МЕМО во Атина:Со заедничка координација до успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар
Во организација на Комитетот на сите номинирани оператори на пазарот на електрична енергија во...
МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела со седиште во Брисел
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО стана член-набљудувач на...
Претставници на УСАИД на работна средба во МЕМО
Продуктивна средба со претставници на УСАИД во просториите на Националниот оператор на пазарот на...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – август 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...