+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МАРТ 2024

22.04.2024 | Новости

Во март 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 466,152 GWh.  ЕСМ со 280,283 GWh, учествува со најголем процент од 60,1%, потоа следуваат независните производители со 90,054 GWh односно 19,3%, виртуелни производители со 48,282 GWh односно 10,4%  повластените производители на електрична енергија со 45,240 GWh односно 9,7%.

Од сопственото производство 84,4% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 393,230 GWh, а 15,6% односно 72,941 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 587,519 GWh, каде од сопственото производство е продадено 393,211 GWh односно 67 % а од увоз е 194,308 GWh односно 33 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 508,233 GWh, и тоа 63,5% на тарифни потрошувачи, 29,7% на снабдувани потрошувачи, и 6,8 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се 79,305 GWh односно 13,5 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 461,776 GWh, каде нето транзитот е 425,854 GWh, а контратрејдингот е 35,922 GWh.

Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This