Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на електрична...
Со интеграцијата на пазарот на електрична енергија пристап до поголеми пазари
Спојувањето на Македонската берза за електрична енергија со берзата во Бугарија и проектот што МЕМО, Националниот оператор за пазар на електрична енергија, го потпиша на крајот на минатата година за регионално спојување помеѓу земјите од Западен Балкан односно Македонија, Грција, Албанија и Косово, се во тек и на нив интензивно се работи. Очекувањата, а и според планот на Европската комисија, се финализација до крајот на 2026 година, вели Симон Шутиноски, управител на МЕМО, во интервју за „Блумберг Адрија“.
„Со колегите од соседните земји активно работиме на усогласување на сите работи што треба да нè доведат до конечно спојување на тие пазари. Ние сме активни, работиме. Следуваат некои доусогласувања во нашето законодавство, за што треба и друга поддршка. Се надевам дека, во согласност со планот на Европската комисија, се предвидува овие спојувања да се случат некаде на крајот на 2026 година и мислам дека МЕМО, како компанија што е носител на овој процес на интеграција, е подготвена да ги оствари овие процеси“, вели Шутиноски.
Шутиновски додава дека интеграцијата на пазарот на електрична енергија е многу важна затоа што тоа е едно големо регионално поврзување на земјите од Западен Балкан со оние од Европската Унија. Тој смета дека кога сте дел на едно големо семејство на отворен пазар на електрична енергија, можностите што им се нудат на сите учесници чинители на пазарот се многу поголеми.
„Самата интеграција со онаа од семејството на земјите членки на Европска Унија ќе ни овозможи како земја аспирант за членство во Унијата поголема пристапност до пазарите, поголема искористеност на капацитетите на електрична енергија во нашата земја и транспарентни цени“, нагласува тој.
Сепак, тој посочува дека е потребана и политичка поддршка.
Она што досега го добивавме како поддршка е за поздравување, бидејќи без тоа немаше да успееме да ја воспоставиме Македонската берза за електрична енергија, што е прв чекор односно предуслов за понатамошно спојување на пазарите на електрична енергија.
„Тоа што следува е носење на законот за енергетика, со кој се врши транспонирање на европската легислатива што е неопходна за спојување на пазарите на електрична енергија. Ова е дел и од усогласувањето на домашното законодавство со европското законодавство, што претставува и дел од самиот процес на приклучување на Македонија кон ЕУ“, вели Шутиноски.
Тој нагласува дека со носењето на законот за енергетика, во онаа нацрт-верзија на која досега се работеше, се предвидени сите неопходни мерки што треба да ги примениме за усогласување со европската легислатива и додава дека тоа ќе биде предуслов за да биде одобрено спојувањето на македонскиот пазар на електрична енергија со соседните земји, особено со оние што се членки на Унијата.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јуни 2024
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2024
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Шутиноски модератор на панел сесија на Македонскиот енергетски форум 2024
На Македонскиот енергетски форум - МЕФ 2024 Симон Шутиноски, управител на МЕМО ја модерираше панел...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, МАЈ 2024
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Шутиноски во Будимпешта: Посветено работиме на зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО...