+389 2 3281 020 info@memo.mk

Шутиноски на панел дискусија на Енергетскиот самит 2024 организиран од САД и ЕУ

26.04.2024 | Новости

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, учествуваше на панел дисусијата во рамки на Енергетскиот самит 2024 во Босна и Херцеговина. Настанот е организиран од Владата на САД преку Проектот на УСАИД за поддршка на енергетскиот сектор (УСАИД ЕПА), Делегацијата на Европската Унија во БиХ и Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Федералната влада на Германија преку Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Амбасадата на Чешката Република во БиХ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Британската амбасада во Сараево.

Во фокус на дискусијата на која панелисти се и Анте Микулиќ, директор на хрватската берза за електрична енергија,  Дејан Драшковиќ в.д. главен извршен директор на берзата за електрична енергија на Црна Гора, Фарук Сердаревиќ, регионален претставник  – советник за пазар на електрична енергија – УСАИД како и Мартин Хергот Фестој, советник за тргување, NordPool e развојот на пазарот на електрична енергија во регионот и потребата од координирање на развојот на мрежните капацитети со цел да се одговори на зголеменото производство на енергија од обновливи извори.

Во своето излагање Шутиноски истакна дека на 10 мај, македонската берза одбележува една година од почетокот на своето работење. 

„Сакам да нагласам дека за овој период МЕМО регистрираше 30 учесници кој активно учествуваат на пазарот ден однапред на дневна основа. Цената на електрична енергија на МЕМО во некои часови е повисока, а во некои часови е пониска од регионалните берзи и тоа е очекувано, но анализите кои ги имаме ни покажуваат дека кривата на цените на МЕМО ја следи кривата на цените на регионалните берзи и Хупекс. Ова ни покажува дека на нашиот пазар пости транспарентно, пазарно добиена цена согласно потребите на учесниците“, рече Шутиноски.

Во своето излагање Шутиноски подвлече дека анализите на МЕМО, покажуваат  дека по спроведување на спојување на пазарите ден однапред со соседните пазари ќе се зголеми  ликвидноста на пазарот ден однапред со што би се отворила можноста за воспоставување на интрадневен пазар. 

Според организаторите, на Самитот учествуваат клучните домашни, регионални и меѓународни експерти, претставници на извршната и законодавната власт, енергетски експерти и претставници на бизнис заедницата.

Самитот е оценет како одлична можност на кој се разговара за клучните теми поврзани со енергетскиот сектор како  столб на стабилна и просперитетна економија во општествата.

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This