Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на електрична...
Шутиноски на панел дискусија на Енергетскиот самит 2024 организиран од САД и ЕУ
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, учествуваше на панел дисусијата во рамки на Енергетскиот самит 2024 во Босна и Херцеговина. Настанот е организиран од Владата на САД преку Проектот на УСАИД за поддршка на енергетскиот сектор (УСАИД ЕПА), Делегацијата на Европската Унија во БиХ и Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Федералната влада на Германија преку Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Амбасадата на Чешката Република во БиХ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Британската амбасада во Сараево.
Во фокус на дискусијата на која панелисти се и Анте Микулиќ, директор на хрватската берза за електрична енергија, Дејан Драшковиќ в.д. главен извршен директор на берзата за електрична енергија на Црна Гора, Фарук Сердаревиќ, регионален претставник – советник за пазар на електрична енергија – УСАИД како и Мартин Хергот Фестој, советник за тргување, NordPool e развојот на пазарот на електрична енергија во регионот и потребата од координирање на развојот на мрежните капацитети со цел да се одговори на зголеменото производство на енергија од обновливи извори.
Во своето излагање Шутиноски истакна дека на 10 мај, македонската берза одбележува една година од почетокот на своето работење.
„Сакам да нагласам дека за овој период МЕМО регистрираше 30 учесници кој активно учествуваат на пазарот ден однапред на дневна основа. Цената на електрична енергија на МЕМО во некои часови е повисока, а во некои часови е пониска од регионалните берзи и тоа е очекувано, но анализите кои ги имаме ни покажуваат дека кривата на цените на МЕМО ја следи кривата на цените на регионалните берзи и Хупекс. Ова ни покажува дека на нашиот пазар пости транспарентно, пазарно добиена цена согласно потребите на учесниците“, рече Шутиноски.
Во своето излагање Шутиноски подвлече дека анализите на МЕМО, покажуваат дека по спроведување на спојување на пазарите ден однапред со соседните пазари ќе се зголеми ликвидноста на пазарот ден однапред со што би се отворила можноста за воспоставување на интрадневен пазар.
Според организаторите, на Самитот учествуваат клучните домашни, регионални и меѓународни експерти, претставници на извршната и законодавната власт, енергетски експерти и претставници на бизнис заедницата.
Самитот е оценет како одлична можност на кој се разговара за клучните теми поврзани со енергетскиот сектор како столб на стабилна и просперитетна економија во општествата.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јуни 2024
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2024
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Шутиноски модератор на панел сесија на Македонскиот енергетски форум 2024
На Македонскиот енергетски форум - МЕФ 2024 Симон Шутиноски, управител на МЕМО ја модерираше панел...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, МАЈ 2024
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Шутиноски во Будимпешта: Посветено работиме на зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО...