ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АПРИЛ 2024

28.05.2024 | Новости

Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 425,358 GWh. 

ЕСМ со 251,648 GWh, учествува со најголем процент од 59,2%, потоа следуваат виртуелни производители со 66,030 GWh односно 15,5% , независните производители со 60,261 GWh односно 14,2%, повластените производители на електрична енергија со 44,789 GWh односно 10,5%.

Од сопственото производство 83,6% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 355,705 GWh, а 16,4% односно 69,648 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 462,444 GWh, каде од сопственото производство е продадено 355,710 GWh односно 76,9 % а од увоз е 106,734 GWh односно 23,1 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 405,912 GWh, и тоа 58,2% на тарифни потрошувачи, 32,8% на снабдувани потрошувачи, и 9 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се  56,527 GWh односно 12,2 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 482,917 GWh, каде нето транзитот е 431,632 GWh, а контратрејдингот е 51,285 GWh.

Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This