ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, МАЈ 2024

10.06.2024 | Новости

Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 175 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 49,744.691 KWh.

При тоа, од 90 мали хидроцентрали, произведени се 32,808,272.00 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1,763,692 KWh, од две ветерни електрани произведени се 11,588,068 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3,584,659 KWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 12,32 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.336 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This