Шутиноски модератор на панел сесија на Македонскиот енергетски форум 2024

12.06.2024 | Новости

На Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2024 Симон Шутиноски, управител на МЕМО ја модерираше панел сесијата посветена на трендовите и предизвиците кои се појавуваат со растот на инвестициите од обновливи извори на енергија и важноста од воведување напредни системи за управување.

Говорниците дискутираа за можностите за тргување со електрична енергија и важноста од воведување нови сегменти на тргување согласно европските трендови.

МЕМО одигра важна улога со воспоставувањето на берзата на електрична енергија којa веќе една година го гарантира организираното тргување со електрична енергија. Со воведувањето на берзата на електрична енергија се зголемија можностите кои ги нуди пазарот на електрична енергија во земјата преку транспаретни и сигурни механизми за тргување по референтни цени, со што конечно можеме да кажеме дека Северна Македонија има своја референтна цена на електричната енергија.

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум се одржа во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.

МЕФ е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливите практики.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This