Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 29 став 1 точка 5 од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став (4) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-5194/7 од 18.10.2023 година, на ден 28.06.2024 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-699/1 од 14.02.2020 година, склучен помеѓу ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци со ЕДБ: 4011019516489 и EIC: 33XEURONIKELINDZ и МЕМО ДООЕЛ Скопје, РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-699/2 од 20.02.2020 година.
Договорот престанува да важи на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци со ЕДБ: 4011019516489 и EIC: 33XEURONIKELINDZ од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 14.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци со ЕДБ: 4011019516489 и EIC: 33XEURONIKELINDZ.
На ден 30.11.2023 година, МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ донесе Одлука за суспензија со арх.бр.09-7314/1 за период од 01.12.2023 до 31.12.2023 година и на ден 29.12.2023, Одлука за суспензија со арх.бр.09-8215/1 за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година.
Во зададениот рок во Одлуката за суспензија, Учесникот на пазар на електрична енергија, ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци не ги отстрани причините за суспензијата со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 28.06.2024 година, согласно член 29 став (1) точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА:
Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...
ОДЛУКА ЗА ВРЕМЕНА СУСПЕНЗИЈА НА ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО КАВАДАРЦИ – ПОТРОШУВАЧ на електрична енергија – (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО СКОПЈЕ – снабдувач со електрична енергија (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за времена суспензија на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци – потрошувач – учесник на пазарот на електрична енергија
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...