+389 2 3281 020 info@memo.mk

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија

28.06.2024 | Известувања

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 29 став 1 точка 5 од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став (3) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 02-5194/7 од 18.10.2023 година, на ден 28.06.2024 година се донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3355/3 од 04.11.2021 година, Анекс 1 кон договорот со арх.бр 09-4438/1 од 23.11.2022 година и Анекс 2 со арх.бр.09-1016/1 од 16.03.2023 година, склучен помеѓу БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со ЕДБ: 4080021599229 и EIC: 33XMISTENERGYEC9 и МЕМО ДООЕЛ Скопје, РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3355/4 од 04.11.2021 година и Измена на РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-889/3 од 16.03.2023 година.

Договорот престанува да важи на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот.

  • Се брише учесникот на пазарот – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со ЕДБ: 4080021599229 и EIC: 33XMISTENERGYEC9 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  • Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  • Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 04.11.2021 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3355/3 со МИСТ ЕНЕРЏИ ЕКО ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080021599229 и EIC: 33XMISTENERGYEC9, Анекс 1 кон договорот со арх.бр 09-4438/1 од 23.11.2022 година за промена на седиште на учесникот и Анекс 2 со арх.бр.09-1016/1 од 16.03.2023 година за промена на назив на учесникот во БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје.

На ден 29.09.2023 година, МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ донесе Одлука за суспензија со арх.бр.09-5230/3 за период од 01.10.2023 до 31.12.2023 година и на ден 29.12.2023, Одлука за суспензија со арх.бр.09-8216/1 за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година.

Во зададениот рок во Одлуката за суспензија, Учесникот на пазар на електрична енергија, БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје не ги отстрани причините за суспензијата со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија  – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 28.06.2024 година, согласно член 29 став (1) точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:

Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.

ИЗВЕСТУВАЊА

Pin It on Pinterest

Share This