ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, MAJ 2024

01.07.2024 | Новости

Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 406,941 GWh. 

ЕСМ со 246,659 GWh, учествува со најголем процент од 60,6%, потоа следуваат виртуелни производители со 67,393 GWh односно 16,6% , повластените производители на електрична енергија со 47,529 GWh односно 11,7% и независните производители со 42,454 GWh односно 10,4%.

Од сопственото производство 85% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 345,832 GWh, а 15% односно 61,082 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 432,591 GWh, каде од сопственото производство е продадено 345,859 GWh односно 80 % а од увоз е 86,732 GWh односно 20 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 391,250 GWh и тоа 57,4 % на тарифни потрошувачи, 33,5% на снабдувани потрошувачи, и 9,1 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се  41,313 GWh односно 9,6 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 527,029 GWh, каде нето транзитот е 469,327 GWh, а контратрејдингот е 57,701 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This