Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

09.07.2024 | Новости

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Во фокус на билатералната средба беа досегашната работа и идните планови на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, со особен акцент на придобивките од организираното тргување со електрична енергија и проектите на македонската берза на електрична енергија за спојување на македонскиот организиран пазар со единствениот европски пазар на електрична енергија.

На средбата Лорковски ги поздрави заложбите на институцијата во насока на спроведување на неопходните реформи за модернизирање на енергетскиот сектор како и тековни проекти кои треба да резултираат со пазарно спојување на македонската со берзите на електрична енергија на соседните земји. 

МЕМО работи на два важни текови проекти за маркет каплинг или поврзување на берзите со соседна Бугарија и проектот подржан од УСАИД за маркет каплинг меѓу Грција, Северна Македонија, Косово и Албанија, за што се потенцираше важноста на активностите кои ги спроведува МЕМО во овие проекти кои се од исклучителна важност за процесот на евро интеграција на државата.

Шутиноски и Лорковски дискутираа и за важноста од усогласувањето на македонското законодавство со Европските регулативи, во кој процес активно е вклучен и МЕМО, за што најважно е носењето на новиот Закон за енергетика, кој е од голема важност за натамошна реализација на проектие за пазарно спојување. 

Лорковски во земјава оствари средба со сите релевантни чинители од секторот енергетика, a вчера го презентираше Извештајот за имплементација на Енергетската заедница за 2023 година во Собранието на Република Северна Македонија. 

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This