+389 2 3281 020 info@memo.mk

Средба во МЕМО со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во Министерството за енергетика на Унгарија

22.07.2024 | Новости

Продуктивна средба со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во Министерството за енергетика на Унгарија.

Во фокус на дискусијата беа придобивките од функционирањето на македонската берза, пазарот ден однапред и негова интеграција со единствениот европски пазар на електрична енергија.

Акцент беше ставен на важноста од поврзување со берзите на соседните земји, особено со членките на Европската Унија. На тој начин се овозможува директен пристап до регионалните пазари и зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија како и поголема флексибилност во тргувањето со електричната енергија.

МЕМО продолжува посветено да работи на унапредување на развојот на организираниот пазар на електрична енергија, воведување нови сегменти на тргување на пазарот, модернизирање и следење на светските трендови во овој домен.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This