Работна средба во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО со претставници од УСАИД и проектот Connect for growth-C4G.
На состанокот се дискутираше за активностите на МЕМО во рамки на регионалниот проект поддржан од USAID- Energy bridge и Connect for growth-C4G, за маркет каплинг или поврзување на организираните пазари на електрична енергија меѓу Грција, Северна Македонија, Косово и Албанија, со цел пристапување до единствениот европски пазар на електрична енергија. Потенциран беше придонесот на МЕМО во реализација на самиот проект и заложбите за успешна реализација на маркет каплингот.
До крајот на 2026 очекуваме да се случи првото поврзување на македонската со берза за електрична енергија, особено со земја членка на ЕУ.