+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУНИ 2024

25.07.2024 | Новости

Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 478,603 GWh. 

ЕСМ со 248,254 GWh, учествува со најголем процент од 51,9%, потоа следуваат независните производители со 117,638 GWh односно 24,6%, виртуелни производители со 79,496 GWh односно 16,6% , повластените производители на електрична енергија со  30,066 GWh односно 6,3%.

Од сопственото производство 71,9% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 344,212 GWh, а 28,1% односно 134,393 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 438,732 GWh, каде од сопственото производство е продадено 344,209 GWh односно 78,5 % а од увоз е 94,522 GWh односно 21,5 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 396,877 GWh и тоа 55,5 % на тарифни потрошувачи, 36,9% на снабдувани потрошувачи и 7,6 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се  41,857 GWh односно 9,5 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 447,192 GWh, каде нето транзитот е 408,874 GWh, а контратрејдингот е 38,318 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This