No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 478,603 GWh.
ЕСМ со 248,254 GWh, учествува со најголем процент од 51,9%, потоа следуваат независните производители со 117,638 GWh односно 24,6%, виртуелни производители со 79,496 GWh односно 16,6% , повластените производители на електрична енергија со 30,066 GWh односно 6,3%.
Од сопственото производство 71,9% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 344,212 GWh, а 28,1% односно 134,393 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 438,732 GWh, каде од сопственото производство е продадено 344,209 GWh односно 78,5 % а од увоз е 94,522 GWh односно 21,5 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 396,877 GWh и тоа 55,5 % на тарифни потрошувачи, 36,9% на снабдувани потрошувачи и 7,6 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 41,857 GWh односно 9,5 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 447,192 GWh, каде нето транзитот е 408,874 GWh, а контратрејдингот е 38,318 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Симон Шутиноски, управител на МЕМО во изјава за Блумбер Адрија зборува за клучните аспекти кои...
Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО,...
Спојувањето на Македонската берза за електрична енергија со берзата во Бугарија и проектот што...